УТРО.мк

Украина најави удари во срцето на Русија: „Ќе ја зголемиме далечината и силата на нападите!“

Украина најави удари во срцето на Русија: „Ќе ја зголемиме далечината и силата на нападите!“
Vero

Врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, драматично најави дека Украина ќе ги прошири своите напади длабоко во територијата на Русија, целејќи ги стратешките воени бази и аеродроми.

„Нормално дека ќе ја зголемиме далечината и обемот на нападите“, изјави Сирски, алудирајќи на неодамнешната акција кога Украина успеа да прошверцува експлозивни дронови на илјадници километри внатре во Русија, при што беа уништени и оштетени неколку воени авиони.

Според него, овие удари се директен одговор на постојаните напади на руското воздухопловство врз украински градови. Сирски истакна дека Киев нема намера да остане пасивен:

„Ако само се браниме, тоа ќе доведе до загуби – и на луѓе и на територија.“

Оваа најава доаѓа додека мировните преговори меѓу Киев и Москва се целосно блокирани. Последната рунда разговори се одржа пред речиси три недели во Истанбул, без никакви конкретни резултати или најави за продолжување.

Со новата стратегија, Украина испраќа јасна порака: Времето на дефанзива е завршено – следи контранапад длабоко во непријателска територија.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран