Шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека земјата постигнала договор со НАТО да не учествува во новиот зацртан праг од 5% од БДП за одбранбени и безбедносни трошоци до 2035 година.
„Таквото зголемување би било непропорционално и непотребно“, изјави Санчез за време на обраќање на националната телевизија. Тој нагласи дека Шпанија останува посветена на своите обврски кон НАТО, особено во однос на логистика, опрема и персонал, но ќе го задржи одбранбениот буџет на 2.1% од БДП.
Иако сите 32 членки на Алијансата се согласија да го поддржат новиот финансиски таргет за следната деценија, Шпанија побара изземање. Писмото кое Санчез го испратил до новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, предизвика загриженост меѓу дипломатите, стравувајќи дека може да се наруши консензусот на претстојниот самит.
Според последните податоци на НАТО, Шпанија минатата година била земјата со најмала одбранбена потрошувачка во Алијансата. Сепак, премиерот веќе во април се обврза дека ќе го исполни постојниот цел од 2% во рамки на овогодинешните цели на НАТО.