УТРО.мк

Бен Гурион затворен: Македонија активира план Б за евакуација од Израел

Бен Гурион затворен: Македонија активира план Б за евакуација од Израел
Vero

Министерството за надворешни работи соопшти дека поради денешното затворање на воздушниот простор над Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и од земјата се откажани. Според информациите добиени од македонската амбасада во Тел Авив, во моментов 11 македонски државјани чекаат евакуација.

МНР информира дека евакуацијата би можела да се реализира во наредните денови, во зависност од безбедносната состојба. Во игра е и алтернативна евакуација по море со брод од израелското пристаниште Ашдод до Лимасол на Кипар.

Амбасадата е во постојана комуникација со нашите државјани и израелските институции. Министерството потсети дека на 17 јуни беше извршена првата евакуација со владин авион, а досега вкупно 27 лица се пријавиле за заминување.

„Ќе останеме целосно посветени на безбедноста на граѓаните и во постојана координација до целосна евакуација“, соопштија од МНР.

Граѓаните што се наоѓаат во Израел може да се обратат на следните СОС броеви:

– +389 75 273 732 / +389 75 268 736

– +972 54 500 8566 / +972 54 967 054 (Амбасада во Тел Авив)

Министерството апелира граѓаните да се воздржат од патувања во земји од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран