УТРО.мк

Пуштен во употреба патот Гевгелија–Богданци: Нов пат за нови можности во Југоистокот

Пуштен во употреба патот Гевгелија–Богданци: Нов пат за нови можности во Југоистокот
Vero

Со инвестиција од 5 милиони евра, обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта, денеска свечено беше пуштен во употреба новиот патен правец Гевгелија–Богданци, што се оценува како клучна инфраструктурна артерија за развој на целиот југоисточен регион.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, на настанот нагласи дека новиот пат поврзува неколку општини и значајно ќе придонесе за унапредување на бизнис-секторот, полесна комуникација меѓу жителите и подобрување на квалитетот на живот во регионот.

„Овој пат значи многу за Богданци, Гевгелија, Валандово, Дојран и целиот регион. Го поврзува со Коридорот 10 и преку него со Грција, Србија и главниот град Скопје. Тоа значи побрз транспорт, развој на бизнисите, полесен пристап за студентите и побрз пласман на земјоделските производи“, рече Николоски.

Тој потенцираше дека проектот е еден од „заглавените“ што новата влада ги наследила, но дека со силна политичка волја и координација бил успешно довршен.

„Благодарност до премиерот за неговата поддршка – без него, овој проект немаше да биде можен. Благодарност и до работниците, ЈП за државни патишта, Министерството за транспорт и сите институции кои вложија труд“, додаде Николоски.

Новиот патен правец, како што нагласи, е дел од поширока визија за подобра инфраструктура во земјата, што ќе придонесе кон економски раст и подобра поврзаност на граѓаните.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран