УТРО.мк

Хрватска ТикТокерка шокирана од цените: 30 евра за една топка сладолед

Хрватска ТикТокерка шокирана од цените: 30 евра за една топка сладолед
Vero

Популарната хрватска ТикТокерка Нина Скочак го сподели своето прво искуство од престојот на шпанскиот остров Ибица, а видеото брзо стана вирално поради – неверојатно високите цени. „Ова е шок“, вели Нина во клипот објавен на Instagram, во кој открива дека една топка сладолед на Ибица чини дури 30 евра, а шише вода 15 евра.

„Одсекогаш сакав барем еднаш во животот да ја посетам Ибица. Но, никогаш не очекував ваков финансиски шок“, вели таа додека се шета низ улиците на островот.

Нина со пријателите го посетила и познатиот клуб Ushuaïa, каде што за влезница платиле 130 евра. „Водата во клубот е поскапа од коктел. За 15 евра, подобро да се напиеш алкохол отколку вода“, раскажува Нина.

Цените се шокантни и во другите делови од островот: лежалки на плажа чинат околу 100 евра, оброк во ресторан 100 евра по лице, паела за двајца 90 евра, а дури и поскромните ресторани не се под 50 евра. Изнајмувањето автомобил е околу 100 евра на ден, а Нина откри дека нивниот автомобил се расипал само еден час по преземањето.

Најскапо искуство, сепак, било посетата на кабаре каде што – како што вели – „само една топка сладолед чинеше 30 евра“.

И покрај сè, Нина признава дека не се кае: „Ибица ме фасцинираше. Дефинитивно би се вратила повторно“.

На социјалните мрежи реакциите беа поделени – дел ја поддржаа нејзината искреност, а други ја обвинија за „снобизам“ и „живот без допир со реалноста“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран