Иако летната сезона само што започна, јадранската обала веќе бележи вистински туристички бум. Туристите, особено од Србија, масовно се слеваат кон омилените дестинации како Грција и Црна Гора, при што Сутоморе повторно се наметнува како еден од најбараните избори. Но, сцените од преполнетите плажи предизвикаа шок и бурни реакции на социјалните мрежи.
Според сведочењата на туристи, уште во средината на јуни во Сутоморе „буквално нема каде да се пушти пешкир“. Плажите се пренатрупани и преку ден и во предвечерје, а некои ја опишуваат ситуацијата како „туристичка зона на сумракот“, со чувство на клаустрофобија и стрес.
Покрај гужвите, се жалат и на енормниот раст на цените. „Еспресо 3 евра, Кока-Кола 5 евра – двојно поскапо од Белград“, вели еден корисник на Фејсбук. Друг додава: „Се чувствувавме како боси по трње. Оваа година никако Сутоморе.“
Иако некои жалеа што го избрале ова место дури и во предсезона, други остануваат верни на Сутоморе, повикувајќи се на убавите спомени и традицијата. Но, сите се прашуваат едно – ако вака изгледа јуни, што ќе се случува во јули и август?




























