УТРО.мк

Пеколна сабота пред нас: 43 степени, црвен аларм и УВ индекс 9 – спас во сенка или клима!

Пеколна сабота пред нас: 43 степени, црвен аларм и УВ индекс 9 – спас во сенка или клима!
Vero

Македонија утре (сабота) влегува во вистински топлотен бран – целата земја ќе биде под црвен аларм поради екстремно високи температури кои ќе достигнат до 43°C, предупредува УХМР.

Времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југ.

Температурите ќе се движат од 18°C наутро до пеколни 43°C попладне, особено во Скопје, Велес и Демир Капија. УВ индексот ќе достигне високо ниво од 9, што значи екстремна изложеност – задолжителна заштита од сонце!

Во Скопје, исто така се очекува максимум од 43°C, со благ ветер од југ.

Недела носи мала надеж за освежување – се најавува нестабилно време попладне, со локални дождови и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, а температурите ќе почнат да паѓаат.Совет: избегнувајте престој на сонце од 11 до 17 часот, пијте многу течности и не излегувајте без заштита – ова не е обична горештина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран