УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Скопје е пулсирачко срце на младинска енергија и европско единство на ЕМОФ Скопје 2025

Ѓорѓиевски: Скопје е пулсирачко срце на младинска енергија и европско единство на ЕМОФ Скопје 2025
Vero

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на свечената церемонија за доделување медали на натпреварите во бадминтон во рамки на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), кој се одржува во Скопје под покровителство на Европскиот младински олимписки комитет.

„Овој настан претставува најголемиот спортски фестивал за млади во Европа, каде што се обединуваат илјадници спортисти од целиот континент. Тоа е фестивал на енергија, пријателства и олимписки вредности“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека Скопје оваа недела е пулсирачко срце на младинска енергија, спортска љубов и европско единство. „Да продолжиме да го градиме нашиот град како простор за млади, можности и спортски достигнувања“, додаде градоначалникот.

Европскиот младински олимписки фестивал е важен миг за младите спортисти и за градот домаќин, кој на овој начин ја потврдува својата позиција како регионален центар на спорт и култура.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран