Најмалку две лица се повредени при денешниот руски напад врз украинскиот град Харков, соопштија локалните власти.
Нападот започнал попладне, при што биле погодени станбени згради и приватни возила, а оштетувања се евидентирани и на медицински објект во индустриската зона на градот.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, преку социјалните мрежи апелираше до граѓаните да останат во засолништа, нагласувајќи дека заканата од нови удари сè уште не е мината.
Покрај повредените, регистрирана е и значителна материјална штета на станбени и деловни објекти.
Очекувањата се дека бројот на повредени може да се зголеми, бидејќи спасувачките служби сè уште работат на терен.