УТРО.мк

Ѓорѓиевски го одбележа 26 Јули: Сеќавање на жртвите и повик за обединето Скопје

Ѓорѓиевски го одбележа 26 Јули: Сеќавање на жртвите и повик за обединето Скопје
Vero

По повод 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес што на 26 јули 1963 година го разурна Скопје, градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, упати емотивна порака на сеќавање и заедништво.

„Секој 26 јули стоиме заедно, со мисли и срца полни со почит и незаборав кон оние кои ги загубивме во земјотресот. Овој споменик не само што го чува споменот за жртвите, туку и нѐ потсетува на силата и издржливоста на нашиот град и на сите негови граѓани“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека Скопје по трагедијата успеало повторно да се издигне, а неговите граѓани покажале решителност и солидарност.

„Нека овој ден биде потсетник за нашата заедничка одговорност и нека не обедини во нашата цел да создадеме побезбедна и посигурна иднина за сите нас“, порача градоначалникот.

Ѓорѓиевски ја заврши својата изјава со ветување дека жртвите никогаш нема да бидат заборавени и со охрабрувачка порака:

„Скопје ќе биде повторно горд град! Да живее Скопје!“

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран