Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК кој беше сериозно повреден во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сè уште се наоѓа на болничко лекување во „Систина“. Според информациите што ги сподели водителката и инфлуенсерка Миа Костова во подкастот „Претрес со Ландов“, неговата физичка состојба се подобрува, но тој сè уште закрепнува од тешките изгореници на рацете.
Панчо извесно време бил во кома, а за неговата психичка состојба работи поширок тим составен од психолози и психијатри. Костова откри дека тој за трагедијата и за смртта на своите колеги од ДНК дознал дури неколку денови подоцна, што дополнително го потресло.
Семејството и блиските се надеваат дека Панчо наскоро ќе биде пуштен од болница, но опоравувањето — особено психолошкото — ќе потрае.