УТРО.мк

Јадењето со прибор и индивидуално сервирана храна помага да се џвака повеќе и спречува дебелеење

Јадењето со прибор и индивидуално сервирана храна помага да се џвака повеќе и спречува дебелеење
Vero

Ново истражување спроведено од Универзитетот за здравство „Фуџита“ покажува дека начинот на кој се сервира храната и дали се јаде со прибор има значително влијание врз брзината на јадење, бројот на џвакања и потенцијално – врз контрола на телесната тежина.

Научниците откриле дека оброците кои се сервираат во индивидуални порции, распоредени во прегради и јадени со прибор, доведуваат до значително повеќе џвакање и подолго време на јадење, во споредба со консумација на брза храна со раце. Токму вакви навики, според експертите, може да помогнат во намалување на ризикот од дебелеење и метаболички нарушувања.

Во студијата учествувале 41 возрасен испитаник кои во период од 12 недели јаделе три различни оброци: парче пица изедено со рака, оброк во кутија со стек, брокула и ориз (каде зеленчукот се јадел прв), и ист оброк но со зеленчукот на крај. Оброците јадени со прибор довеле до подолго време на јадење – дури до 216 секунди повеќе – и значително поголем број џвакања.

Истражувачите користеле видеоанализа и уред наречен „бајтскен“ за да ги следат навиките за јадење. Тие заклучуваат дека видот на оброкот и употребата на прибор имаат поголемо влијание врз темпото на јадење отколку редоследот на храната. Возраста и машкиот пол биле поврзани со пократко времетраење на оброкот.

Овие наоди отвораат нови перспективи за превенција од дебелина преку едноставни промени во начинот на сервирање и консумирање на храната. Наместо рестриктивни диети, фокусот може да се насочи кон забавување на јадењето, свесна исхрана и подобра организација на оброците.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран