Вештачката интелигенција (ВИ) станува сè почест „придружник“ и „пријател“ на младите тинејџери. Според истражување на организацијата „Common Sense Media“, 70% од тинејџерите користат ВИ како дигитален пријател, а половина од нив тоа го прават редовно.
Платформи како „Character.AI“ и „Replika“ се особено популарни, нудејќи виртуелни пријатели со прилагодливи личности, додека и чет-ботови како ChatGPT се користат за поддршка и разговор. Тинејџерите често се обраќаат на ВИ за советување, емоционална поддршка и дури другарство.
Сепак, експертите предупредуваат дека зголемената употреба на ВИ може да го замени вистинското човечко дружење. „Помладите деца веруваат дека овие дигитални пријатели се како вистински пријатели, родители или терапевти,“ вели Џим Стејер, основач на „Common Sense Media“. Тој посочува дека тоа може да биде проблем кога виртуелните интеракции почнуваат да ги заменуваат вистинските човечки односи.
Причина за оваа зависност е големата достапност на ВИ и нејзината безусловна поддршка. Студијата покажува дека 31% од тинејџерите ги сметаат разговорите со ВИ за исто толку задоволувачки како оние со вистински пријатели, додека 33% разговарале за сериозни теми со ВИ наместо со луѓе.
Истражувачите изразуваат загриженост дека ова може негативно да влијае на менталното здравје и социјалниот развој на младите, потенцирајќи дека ВИ може да ги продлабочи кризите на осаменост и менталните проблеми.
И покрај тоа што ВИ може да биде корисен алатка за поддршка, експертите нагласуваат дека е клучно да се одржува рамнотежа помеѓу дигиталната и вистинската човечка интеракција.