УТРО.мк

Украински напад во Русија: Уништен борбен авион Су-27УБ, објавено видео од експлозијата

Украински напад во Русија: Уништен борбен авион Су-27УБ, објавено видео од експлозијата
Vero

Украинските разузнавачки служби објавија дека во саботата рано наутро е уништен руски борбен тренажен авион Су-27УБ на воениот аеродром Армавир во регионот Краснодар, Русија. Нападот бил снимен и објавен со порака: „Ова е казна за злосторствата против украинскиот народ“.

Според Kyiv Post, локални жители пријавиле дека веднаш по експлозијата во околните населби биле прекинати комуникациите.

Су-27УБ е двосед за обука, изведен од борбениот авион Су-27 од советската ера. Иако првенствено се користи за обука, авионот има целосни борбени способности, што го прави оперативен и во воени мисии. Аеродромот Армавир главно се користи за обука на кадети од Високата воена воздухопловна школа за пилоти во Краснодар.

Украинската разузнавачка служба тврди дека отпорот кон Кремљскиот режим расте и внатре во Русија, и најавува дека „секоја агресија врз Украина ќе биде соодветно санкционирана“.

Ова е најнов во серија слични напади: во јуни, украински агенти спроведоа длабока операција на руска територија, таргетирајќи најмалку пет воени аеродроми во региони како Мурманск, Иркутск, Рјазањ и Амур, каде беа стационирани стратешки бомбардери и извидувачки авиони.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) тогаш потврди дека уништиле или оштетиле околу 34% од руските стратешки бомбардери, според нивните податоци. Независни извори потврдуваат најмалку 11 уништени авиони и уште десетина оштетени.

ВИДЕО

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран