УТРО.мк

Америка потрошила четвртина од своите најмоќни пресретнувачки ракети во 12 дена: Пентагон загрижен

Америка потрошила четвртина од своите најмоќни пресретнувачки ракети во 12 дена: Пентагон загрижен
Vero

Нови информации што ги објави The Wall Street Journal откриваат дека САД во 12-дневната војна меѓу Израел и Иран употребиле дури 150 ракети THAAD и најмалку 80 проектили SM-3, што сериозно ги загрижило планерите во Пентагон. Според анонимни извори, оваа бројка претставува четвртина од целиот досега достапен арсенал на овие ракети.

Во операцијата „Midnight Hammer“, САД не само што ги бранеле израелските градови од иранските балистички проектили, туку и директно нападнале ирански нуклеарни објекти со бомбардери B-2 Spirit и MOP бомби, а со проектили Tomahawk и од подморници. Сето тоа во соработка со израелските системи Arrow, David’s Sling и Patriot.

Три клучни проблеми за американската војска:

Мал број на проектили: САД имаат само 646 THAAD проектили, од кои дел се уште не се испорачани на војската. Во конфликтот се испукани 150 THAAD, што значи речиси 25% од залихите. За SM-3 проектили (дел од Aegis системите на воените бродови), се проценува дека имаат околу 400, а испукани се 80 – повторно една четвртина. Бавна и ограничена продукција: Оваа година САД ќе добијат само 37 нови THAAD ракети. Максималната годишна продукција би можела да се зголеми на 100 – но не наскоро. За SM-3 Block IIA – се произведуваат само 12 годишно, а од постарата верзија Block IB – до 60 годишно. Астрономски трошоци: Еден THAAD чини 15,5 милиони долари. SM-3 Block IB чини 12,5 милиони долари, а Block IIA дури 37 милиони по парче.

Стратешка ранливост

Иако САД помогнаа во одбраната на Израел, сега се соочуваат со празни магацини и недоволни ресурси за сопствена одбрана во случај на ескалација на нов конфликт – било во Тајван, Кореја или Блискиот Исток. Производните капацитети не можат да го пратат интензитетот на модерното војување, каде што „залихите“ се трошат во денови.

Овие сознанија ја отвораат дебатата во Вашингтон – дали американската стратегија “America First” е одржлива, ако четвртина од скапата ПВО-муниција се користи за одбрана на сојузник на друг континент.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран