Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, реагираше на ставовите на Арбен Таравари во врска со изборните листи.
„Господинот Таравари се повлече со изговор дека ќе излезе со посебни листи и тоа беше проблемот во рамки на ВЛЕН. Денес слушам дека излегува со заеднички листи со ДУИ. Значи, не го грижеле листите, туку не знаел како да оди во прегратките на г. Ахмети“, изјави Меџити за време на настан во Aрачиново.