УТРО.мк

Деновиве се отвора преминот Стрезимир – Рестелица: Поврзување на Македонија и Косово преку Гора

Деновиве се отвора преминот Стрезимир – Рестелица: Поврзување на Македонија и Косово преку Гора
Vero

По традиција што трае веќе неколку години, и ова лето се очекува отворање на привремениот граничен премин Стрезимир – Рестелица, кој ги поврзува Македонија и Косово преку областа Гора. Преминот е лоциран кај Луково Поле, на тромеѓето помеѓу Македонија, Албанија и Косово.

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, за МИА потврди дека преминот наскоро ќе биде отворен, како и изминатите години, за патници и возила. Иако точниот датум на отворање сè уште не е објавен, преминот ќе функционира секој ден од 8 до 20 часот, со истите гранични услови – важечка лична карта или пасош.

Овој граничен премин, кој првично профункционира во 2003 година, беше затворен подолг период поради лошата инфраструктура. Повторно беше отворен во 2018 година, а од тогаш, освен во 2020 поради пандемијата, редовно функционира во летниот период.

Од косовска страна веќе е изграден нов асфалтен пат, а од македонска се најавува почеток на изградба. Преминот може да го користат само жителите од пограничниот појас од 25 километри, со специјални дозволи.

Општините Маврово – Ростуше и Драгаш, каде припаѓа селото Рестелица, неодамна потпишаа меморандум за збратимување. Градоначалниците Куртовски и Џеладини го оценија збратимувањето како дополнителен импулс за унапредување на соработката и подобра мобилност меѓу граѓаните на двете страни.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран