УТРО.мк

РУСКА ПРОПАГАНДА УДРИ ПО БЕЛГРАД: „Ќе биде како и секогаш со предавниците“

РУСКА ПРОПАГАНДА УДРИ ПО БЕЛГРАД: „Ќе биде како и секогаш со предавниците“
Vero

Руската телевизија „Царград“, во сопственост на олигархот близок до Владимир Путин – Константин Малофеев, жестоко ја нападна Србија поради дозволата за транзит на артилериски гранати наменети за украинската војска преку нејзина територија. Телевизијата пренесува дека „ќе биде како и секогаш со предавниците“, предупредувајќи ја официјална Србија дека нејзините потези имаат последици.

Според официјални документи, на 12 јуни, српското Министерство за внатрешни работи, со согласност од Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи, дало зелено светло за транзит на 960 артилериски гранати калибар 155 мм, модел HE M107, произведени во Босна и Херцеговина. Овие гранати се купени од чешка компанија која ги доставува на украинската армија.

Краен корисник во документите е Министерството за одбрана на Чешка, земја која е еден од најгласните сојузници на Украина и предводник на европската иницијатива за испорака на муниција од февруари 2024 година. Товарот – 132 палети – транзитирал преку граничниот премин Сремска Рача, по јасно дефинирана рута кон ЕУ преку Хоргош.

Руската телевизија овој потег го нарекува „удар во грб“ и го доведува во контекст со последните изјави на српскиот министер за европски интеграции Немања Старовиќ, кој за австрискиот „Дер Стандард“ изјави дека Србија е подготвена да ги поддржи санкциите против Русија доколку ѝ се обезбеди јасна перспектива за членство во ЕУ.

Изјавата на Старовиќ предизвика реакции и во српската јавност. Партијата Покрет социјалиста го осуди неговиот став, нагласувајќи дека Србија нема намера да учествува во, како што ја нарекоа, „антируска хистерија“.

„Србија не воведе санкции против Руската Федерација не затоа што ќе го направиме тоа кога ќе биде на повидок членството во ЕУ, туку затоа што ние, Србите, не сме народ на предавници и кукавици кои ќе ја продадат мајката, браќата, верата и историјата“, се вели во реакцијата пренесена од „Спутњик Србија“.

Настанот е уште еден показател за зголемените тензии меѓу Москва и Белград, во време кога Србија балансира меѓу традиционалните врски со Русија и амбициите за интеграција во Европската Унија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран