УТРО.мк

Трагедија во Пекинг: Најмалку 30 загинати по катастрофални дождови и поплави

Трагедија во Пекинг: Најмалку 30 загинати по катастрофални дождови и поплави
Vero

Најмалку 30 лица го загубија животот во Пекинг поради силните поројни дождови што ја погодија кинеската престолнина изминативе денови, соопшти Општинската канцеларија за контрола на поплави.

Најголем број жртви – 28 – се регистрирани во северниот планински регион Мијун, а две лица загинале во областа Јангце. Истовремено, повеќе од 80.000 жители се евакуирани поради опасноста од нови свлечишта и надојдени води.

Екстремното време е предизвикано од влез на топол и влажен воздух од суптропскиот антициклон, кој донесе врнежи што достигнаа и до 543,4 милиметри во северните делови на градот – количина која вообичаено паѓа за неколку месеци.

Градските власти активираа највисоко ниво на аларм за итни случаи, а доцна синоќа претседателот на Кина, Си Џинпинг, нареди обемни спасувачки акции за намалување на последиците и спасување на загрозените. Тој изјави дека поплавите предизвикале „значителни човечки и материјални загуби“ не само во Пекинг, туку и во провинциите Хебеј, Џилин и Шандонг.

Спасувачките екипи се уште се на терен, а властите предупредуваат на можност од нови врнежи и повикуваат на максимална претпазливост.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран