Пензионерите ќе ги добијат своите пензии за месец јули на 1 август, петок, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Сепак, по традиција, некои македонски банки може да започнат со исплата и ден-два порано, што ќе овозможи пензионерите порано да располагаат со своите средства.
Дополнително, од септември се најавува ново зголемување на пензиите. Станува збор за линеарно покачување од 1.000 денари за сите пензионери.