Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес информираше дека завршуваат градежните активности на едната коловозна лента од булеварскиот влез во градот, што претставува една од најзначајните инфраструктурни интервенции во последниот период.

„Денес ја довршуваме едната коловозна лента од новиот булеварски влез во Битола, инвестиција што директно ќе го олесни сообраќајниот тек и ќе ја зголеми безбедноста на оваа делница“, изјави Коњановски.
Проектот опфаќа проширување на влезната сообраќајница, нов асфалт, поставување на тротоари и улично осветлување. Со комплетирањето на првата фаза, општината продолжува со втората коловозна лента, со цел комплетна модернизација на пристапот кон градот.

Оваа инвестиција е дел од поширокиот план за подобрување на патната инфраструктура и урбаното уредување во Битола, со кој, како што вели Коњановски, „Битола станува современ и достапен град за сите граѓани и посетители“.