УТРО.мк

Словенечкиот екипаж ја започна мисијата за гаснење на пожарот на планината Готен

Словенечкиот екипаж ја започна мисијата за гаснење на пожарот на планината Готен
Vero

Берово, 30 јули 2025 – Словенечкиот тим за брзи интервенции денеска официјално ја започна мисијата за гаснење на пожарите на планината Готен и поширокиот регион на источна Македонија. Екипажот, кој брои 61 лице, пристигна во Берово и е сместен на градскиот стадион „Димитар Беровски“, каде веднаш по поставувањето на опремата се вклучи во теренските интервенции.

Мисијата е дел од Европскиот механизам за цивилна заштита (UCPM), а Словенија ја испрати својата Единица за брзи интервенции – модул за гасење шумски пожари со возила (SI EHI GFFF-V). Тимот се состои од 42 пожарникари и дополнителен персонал задолжен за логистика, ИТ и медицинска поддршка.

„Стигнавме со 17 возила, од кои 7 се специјализирани за гаснење шумски пожари. Ќе работиме во тесна координација со македонските служби за да помогнеме што е можно повеќе. Целосно сме опремени за самостојна работа, и тука сме со отворено срце,“ изјави Роберт Шкрл, претставник на словенечката експедиција.

Единицата е опремена со своја логистика, комуникациски системи и потребни ресурси за автономно дејствување на терен. Првичниот план предвидува ангажман од една недела, со можност за продолжување во зависност од развојот на ситуацијата.

Интервенцијата на словенечките пожарникари доаѓа во критичен момент, кога пожарите во источна Македонија се закануваат да се прошират кон населени места и да предизвикаат сериозна штета врз животната средина. Македонските власти изразија благодарност за брзата и професионална реакција на Словенија и останатите меѓународни партнери.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран