УТРО.мк

Сѐ уште гори на Готен: Активни се три пожари, под контрола се три, а 21 изгаснат

Сѐ уште гори на Готен: Активни се три пожари, под контрола се три, а 21 изгаснат
Vero

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека заклучно со 20:30 часот на 30 јули, од вкупно 27 активирани пожари на отворено низ државата, три се сѐ уште активни, три се ставени под контрола, а 21 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово, поточно кај селото Нивичино, на планините Голем Готен и Малешевските Планини. Таму гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во:

Општина Прилеп, кај с. Бешиште (м.в. Бешишки Рид), со крак кон с. Градешница (Општина Новаци) и крак кон границата со Грција, каде не се интервенира поради детонации, Општина Карбинци, кај с. Јунузлија, и Општина Делчево, кај депонијата Острец, како и пожарот кај тунелот на патниот правец Битола – Ресен, во Општина Битола.

ЦУК соопшти дека 21 пожар е изгаснат на различни локации, меѓу кои се:

Штип, Македонски Брод, Македонска Каменица, Сарај, Битола, Прилеп, Крушево, Струмица, Гевгелија, Валандово, Струга, Чашка, Росоман, Делчево, Куманово и Боговиње. Станува збор за пожари во ниска вегетација, деградирани шуми, грмушки, ѓубришта и сува трева.

Надлежните служби остануваат на терен и апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни и да не предизвикуваат пожари, особено во периоди на високи температури и зголемен ризик.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран