УТРО.мк

Изет Меџити: Евроатлантската интеграција е единствената алтернатива за Северна Македонија

Изет Меџити: Евроатлантската интеграција е единствената алтернатива за Северна Македонија
Vero

Првиот заменик‑премиер на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, во интервју за Euro News Albania истакна дека стратешката ориентација на земјата останува евроатлантската интеграција и членството во Европската Унија.

„Северна Македонија и регионот беа вклучени во Отворен Балкан и ние бевме против тоа. Додека денес средбите и соработките се токму со САД, Англија и европските држави. Стратешката ориентација на Северна Македонија останува НАТО и евроатлантската интеграција,“ рече Меџити.

Говорејќи за предизвиците со кои се соочува земјата, тој нагласи дека ветото на Бугарија останува сериозна пречка:
„Македонија се соочува со ветото на Бугарија и сметам дека без разлика кој е во право, Бугарија е членка на ЕУ, има право на вето и тоа го отежнува решението,“ изјави тој.

Меџити потенцираше дека Албанците активно придонесуваат за олеснување на овој процес:
„Работиме со меѓународните партнери за како Албанци да го олесниме овој процес, комуникацијата на РСМ со Бугарија, било преку директни средби или други состаноци. Сето ова е во функција на пронаоѓање решение кое е единствена алтернатива за граѓаните на Северна Македонија – членството во ЕУ,“ заврши тој.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран