УТРО.мк

Десет нови кандидати ќе се обучуваат за пилоти со поддршка од државата

Десет нови кандидати ќе се обучуваат за пилоти со поддршка од државата
Vero

Десет лица добија уверенија за започнување обука за пилоти, со кофинансирање од државата преку Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), во насока на надминување на недостигот од воздухопловен кадар. Уверенијата денеска им ги врачија вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, и директорот на АЦВ, Драги Стојаноски.

Седум од кандидатите ќе се обучуваат за приватен пилот на авион (PPL-A SEP land), двајца за пилот на ултралесни летала (ULPL), а еден за пилот на едрилица (SPL) по програма со аерозапрега.

Агенцијата на 1 јули распиша повик за кофинансирање на обуки до 50% за вкупно 27 лица. По завршеното тестирање, избрани беа првите десет кандидати. Николоски најави дека ќе следи и повик за напредни обуки, со цел создавање комплетен воздухопловен кадар кој ќе може да се вклучи и во јавниот и во приватниот сектор.

„Продолжуваме со поддршката, процесот е отворен и транспарентен. Очекувам поголем интерес во идниот повик“, изјави Николоски.

Целта на проектот е и ревитализација на аероклубовите и спортските аеродроми, кои во минатото биле клучни за формирање кадар што подоцна го користеле одбранбените и безбедносните институции. Обуките вклучуваат и професионални и спортско-рекреативни програми, како стимул за индивидуалци и тимови што постигнале резултати на европски и светски натпревари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран