УТРО.мк

После пожарите – невреме во Грција: Над 10.000 молњи и обилни врнежи

После пожарите – невреме во Грција: Над 10.000 молњи и обилни врнежи
Vero

По топлотните бранови и пожарите што ја зафатија Грција изминатите недели, земјата вчера попладне беше погодена од силно невреме со обилни врнежи од дожд и висока електрична активност. Според податоците од метеоролошката мрежа на Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, само во текот на неколку часа биле регистрирани над 10.000 молњи во северна и централна Грција.

Најголема количина врнежи е измерена во регионот на Кукуш (Килкис), каде наврнале дури 94,8 милиметри дожд. Од вкупните 10.000 електрични празнења, 8.900 биле на копно, а остатокот евидентиран над Егејското Море.

Невремето, иако краткотрајно, предизвика сериозни проблеми – особено во градот Солун, каде што дождот го парализираше сообраќајот. Во областа Тесалија, дождот проследен со град предизвика штети врз земјоделските посеви, дополнително комплицирајќи ја ситуацијата за локалното население кое веќе се соочуваше со последиците од претходните пожари.

Метеоролозите предупредуваат дека нестабилното време може да продолжи и во наредните денови, а властите апелираат за претпазливост и следење на официјалните препораки.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран