УТРО.мк

Богатите странци го освојуваат пазарот на недвижности во северна Србија

Богатите странци го освојуваат пазарот на недвижности во северна Србија
Vero

Во последните три години, руските граѓани се меѓу најактивните купувачи на станови во Суботица, сочинувајќи од 3 до 5 отсто од вкупните трансакции, а нивниот удел во последните месеци порасна и над 10 проценти, според локалните агенции за недвижности. Тие најмногу се заинтересирани за нови објекти.

„Русите имаат посебна наклонетост кон станови со ‘карактер’ — постари згради со детали и високи тавани. Не ги плашат реновирањата, напротив, ги гледаат како шанса да направат нешто уникатно“, вели агент од Суботица, според информациите од Дневник.

Покрај централното градско подрачје, се забележува пораст на интересот од руски купувачи и за куќи во предградијата, каде недвижностите со дворови почнуваат од околу 20.000 евра. Тие често ги уредуваат според лични потреби, било за живеење, било за продажба.

„Русите најчесто се одлучуваат за веќе уредени станови, додека Кинезите преферираат куќи. Другите странски државјани пак, повеќе изнајмуваат станови“, вели Мирослава Вукас од агенцијата Нидакс.

Кинезите, за разлика од Русите, често се фокусираат на семејни куќи во приградските области, каде има повеќе простор и дворови. Русите пак, рамномерно избираат помеѓу станови и куќи.

Според податоците од агенциите и Републичкиот завод за статистика, цените на квадратен метар во новоградбите во Суботица се движат помеѓу 1.300 и 1.700 евра, додека во централните делови на градот достигнуваат и околу 1.600 евра. Во предградијата цените се пониски, од 1.200 до 1.400 евра по квадрат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран