УТРО.мк

Словенија со радикален потег: Целосна забрана за трговија со оружје со Израел поради офанзивата во Газа

Словенија со радикален потег: Целосна забрана за трговија со оружје со Израел поради офанзивата во Газа
Vero

Словенија стана првата земја во Европа што донесе еднострана одлука за целосна забрана на увоз, извоз и транзит на оружје и воена опрема од и кон Израел, поради, како што се наведува, сериозното кршење на меѓународното хуманитарно право во појасот Газа.

Одлуката на владата на премиерот Роберт Голоб доаѓа во време на отсуство на заеднички европски став за воените дејствија на Израел во Газа. Голоб претходно најави дека Словенија ќе преземе конкретни чекори ако Европската унија не постигне консензус.

„Одговорните држави мора да дејствуваат, дури и ако тоа значи да се исчекори пред другите“, изјави словенечкиот премиер.

Во соопштението на владата се нагласува дека „луѓето во Газа умираат поради систематско одбивање на хуманитарна помош, без пристап до чиста вода, храна и основна медицинска нега. Тоа е свесно кратење на условите за преживување“.

Оваа забрана е само дел од поширок сет мерки што Љубљана планира да ги преземе против владата на Израел. Веќе се прогласени двајца израелски министри – Итамар Бен-Гвир (национална безбедност) и Безалел Смотрих (финансии и одбрана) – за „персона нон грата“ поради нивните изјави кои, според словенечките власти, претставуваат поттикнување на екстремно насилство и елементи на геноцид.

Одлуката се темели и на претходното признавање на палестинската државност од страна на Словенија во 2024 година, со повик до другите земји да го следат примерот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран