УТРО.мк

Зеленски: Треба да се спречи Русија да добива компоненти за дронови

Зеленски: Треба да се спречи Русија да добива компоненти за дронови
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери да преземат построги мерки против продажбата на електронски компоненти за дронови на Русија. Тој вчера во Кијив им покажа на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ делови од руски борбени дронови и ракети.

„Ниту една од овие ракети или ‘шахиди’ не би била можно без компоненти од други земји, испорачани Русија преку различни мрежи за снабдување“, рече Зеленски во својата вечерна видео-порака.

Украинските експерти неодамна пронајдоа многу електронски компоненти во руските дронови кои потекнуваат од Кина, а првично се произведени во Иран. И компоненти од европски земји и од САД биле повеќепати пронајдени во руското оружје, иако нивниот извоз во Русија е забранет.

Најмалку 16 лица загинаа во нападите врз Украина минатата ноќ, кога Русија испука повеќе од 300 дронови и 8 проектили.

Трамп вчера ги опиша најновите руски напади како „одвратни“ и повтори закана за санкции кон Москва. Во разговор со новинарите во Овалниот кабинет, рече дека не е сигурен дали санкциите ќе ја одвратат Русија, но ѝ дал рок до 8 август на Русија да преземе чекори кон мир, или САД ќе одговорат со економски притисок.

Трамп најави дека специјалниот американски пратеник Стив Виткоф, кој веќе неколку пати се сретнал со Путин, по посетата на Израел ќе отпатува во Русија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран