УТРО.мк

Љубовта што револуцијата ја раздели: Никола Карев и Костадинка Тасева Хаџова

Љубовта што револуцијата ја раздели: Никола Карев и Костадинка Тасева Хаџова
Vero

Во сенка на хероизмот и краткотрајната слобода на Крушевската Република, се крие една тивка и трагична љубовна приказна – онаа меѓу Никола Карев, претседателот на првата република на Балканот, и Костадинка Тасева Хаџова, учителка во крушевската гимназија. Историчарите и денес трагаат по податоци за нивната врска, за која сведочат малку документи и многу легенди.

Костадинка, според различни извори, потекнувала од Прилеп, Струга или од мешано семејство. И покрај недоумиците околу нејзиното потекло, едно е јасно – меѓу неа и Карев постоеле искрени чувства. Биле блиски, а можеби и свршени. Но, љубовта не добила шанса. Карев целосно му се посветил на револуционерното движење, не оставајќи време за приватен живот.

Историчарот Богески вели дека постои сведоштво за разменувана преписка меѓу двајцата, дури и дека другар на Карев им ги отворал и читал писмата. Сепак, приказната дека знамето на Крушевската Република било навезено со косата на Костадинка, според него, е само романтизирана легенда.

Костадинка починала само две години по смртта на Карев, во 1907 година. Најверојатно, последните денови од животот ги поминала во Струга, каде што е и погребана, во црквата „Свети Ѓорѓија“. Гробот, според црковните записи, се наоѓал источно од олтарот, но денес не постои видлив обележје – можеби е уништен или останал заборавен меѓу другите.

Љубовта меѓу Никола Карев и Костадинка Тасева Хаџова останува недоиспишана страница во македонската историја – тажно потсетување дека и најголемите херои носеле во себе неостварени емоции и човечки болки.

Извор: libertas.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран