УТРО.мк

Божиновска: Илинден е потсетник дека иднината бара храброст и визија

Божиновска: Илинден е потсетник дека иднината бара храброст и визија
Vero

„Илинден е денот кога сме должни да застанеме и да се потсетиме колку чини слободата и државата што денес ја нарекуваме наша“, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод одбележувањето на големиот национален празник.

Во својата честитка, Божиновска ја истакна важноста на историската жртва на македонските претци, повикувајќи на храброст, исправни одлуки и истрајност во соочувањето со предизвиците на денешницата.

„Денес ни треба истата храброст: да носиме тешки, но исправни одлуки, да стоиме зад нив и да гледаме напред без страв. Да не заборавиме кои сме и зошто сме тука“, изјави Божиновска.

Министерката посочи дека во денешниот контекст, кога се зборува за енергија, се зборува за иднината, и дека токму храброста што ја наследивме е двигателот кон одржлив развој и нови визии.

„Гордост е да се биде дел од оваа приказна“, заврши Божиновска, честитајќи го празникот со зборовите: „Честит Илинден!“

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран