Центарот за управување со кризи информира дека денеска на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор, од кои само еден останува активен.
Активен пожар:
• Општина Долнени, во близина на село Стровија, позади местото викано Гајдарец-Клепало, каде што гори нискостеблеста шума.
Под контрола:
• Општина Берово, на планината Готен кон Малешевските планини, каде што пожарот зафатил борова и букова шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Изгаснати пожари:
1. Кичево, село Србица – изгорена ниска вегетација и стрниште
2. Куманово, село Провеце, кај црквата Св. Мина – ниска вегетација
3. Липково, село Никуштак – ниска вегетација и стрниште
4. Чашка, село Мартолци – ниска вегетација
5. Ресен, село Перово – ниска вегетација и трска
6. Битола, улица Довлеџик – ниска вегетација
7. Гевгелија, автопат Гевгелија–Демир Капија, кај с. Миравци – ниска вегетација
Надлежните служби и натаму ја следат состојбата на терен и повикуваат на внимателност и одговорно однесување во природа.