УТРО.мк

Откриена причината за смртта на Хулк Хоган

Откриена причината за смртта на Хулк Хоган
Vero

Легендата на професионалниот кеч, Хулк Хоган, починал од акутен миокарден инфаркт – срцев удар, потврди ексклузивно „Page Six“, повикувајќи се на официјалниот извештај на Канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот Пинелас.

Извештајот открива дека срцевиот удар бил резултат на ненадејно блокирање на протокот на крв во срцевиот мускул, што довело до оштетување на ткивото. Дополнително, се наведува дека Хоган имал историја на атријална фибрилација – состојба со неправилно и забрзано чукање на срцето.

Најголемото изненадување во извештајот е откритието дека Хоган, чијo вистинско име е Тери Болеа, тајно боледувал од хронична лимфоцитна леукемија (CLL), вид на рак што ги зафаќа белите крвни зрнца. Оваа информација досега не беше позната во јавноста.

Хулк Хоган почина на 24 јули во својот дом во Клирвотер, Флорида. И покрај брзата интервенција и итниот транспорт до болницата „Мортон Плант“, лекарите само ја констатирале смртта. Тој имаше 72 години.

Неговата смрт е класифицирана како природна.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран