УТРО.мк

Во вселената откриени ѕвезди 10.000 пати поголеми од Сонцето: „Нивниот крај бил брз и драматичен“

Во вселената откриени ѕвезди 10.000 пати поголеми од Сонцето: „Нивниот крај бил брз и драматичен“
Vero

Благодарение на новите податоци од телескопот Џејмс Веб, научниците првпат добија сериозни индиции дека во раната фаза на вселената постоеле супермасивни ѕвезди – со неверојатни димензии, и до 10.000 пати поголеми од нашето Сонце.

Астрофизичарката Корин Шарбонел од Универзитетот во Женева, една од авторките на студијата објавена во списанието Astronomy & Astrophysics, вели дека овие ѕвезди најверојатно се формирале во рамки на сферични ѕвездени јата – густи заедници од стотици илјади до милион ѕвезди, стари од 10 до 13 милијарди години. Овие јата се вистински космички фосили – сведоштва за најстарите фази од развојот на универзумот.

Научниците сметаат дека јадрата на овие древни ѕвезди биле многу потопли отколку кај денешните, како резултат на интензивно согорување на водород на екстремни температури. Помалите ѕвезди од тоа време буквално можеле да „потонат“ во енергијата на своите џиновски соседи — судирајќи се со нив и преземајќи дел од нивната маса и енергија.

Сепак, овие суперѕвезди имале краток животен век. Живееле само околу два милиони години — што е речиси миг споредено со животниот век на ѕвезди како Сонцето, кои постојат милијарди години.

Иако денес не можат директно да се набљудуваат, индиректни траги од нив сè уште се присутни во структурата на преживеаните сферични јата. Астрофизичарот Марк Гиелс од Универзитетот во Барселона уште во 2018 година посочи дека овие космички титани исчезнале многу рано, но дека нивната потврдена егзистенција би можела целосно да го смени нашето разбирање за формирањето на ѕвездите и еволуцијата на универзумот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран