УТРО.мк

Израел го обвини Макрон за „морално слепило“: Ги изедначи заложниците со радикалните палестински групи

Израел го обвини Макрон за „морално слепило“: Ги изедначи заложниците со радикалните палестински групи
Vero

Израелскиот премиерски кабинет остро реагираше на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој повика на итен прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на сите заложници – вклучувајќи ги и Палестинците осудени и притворени во израелски затвори.

Советникот на израелскиот премиер, Дмитри Генделман, го обвини Макрон за „морално слепило“, обвинувајќи го дека ги изедначува невините израелски заложници со членови на радикални палестински организации. Преку објава на Телеграм, Генделман порача дека ваквите ставови претставуваат опасна релативизација на тероризмот.

„Ослободување на заложници не може да се споредува со ослободување на лица кои се вклучени во терористички напади“, изјави Генделман, додавајќи дека Израел нема да прифати „лажно изедначување на жртвите и сторителите“.

Изјавите доаѓаат во период на зголемени дипломатски напори за примирје во Газа, каде конфликтот продолжува да одзема животи и да предизвикува хуманитарна катастрофа. Француската влада засега не одговори на критиките од Тел Авив.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран