Премиерот на Индија, Нарендра Моди, остро порача дека секоја нова терористичка закана од Пакистан ќе биде решително спречена со употреба на крстосувачките ракети „Брамос“, кои Индија и Русија ги произведуваат заедно.
„Сега ракетите ‘Брамос’ ќе се произведуваат во Лакнау, во сојузната држава Утар Прадеш. Ако Пакистан повторно нападне, ракетите од Утар Прадеш ќе ги уништат терористите“, рече Моди за време на говорот во Варанаси, додавајќи дека само спомнувањето на „Брамос“ во Пакистан предизвикува несоница.
Тој нагласи дека светот ја видел ефикасноста на индиските одбранбени системи, особено за време на операцијата „Синдур“, истакнувајќи ги домашните системи за противвоздушна одбрана, ракетите и беспилотните летала.