УТРО.мк

Ново видео од тепачката во Белград: „Делиите“ ја опколија полицијата и ја нападнаа

Ново видео од тепачката во Белград: „Делиите“ ја опколија полицијата и ја нападнаа
Vero

Сериозен инцидент се случи пред натпреварот помеѓу Црвена звезда и Линколн Ред Импс во Белград, кога навивачката група „Делиите“ влезе во директен судир со полицијата пред северната трибина на стадионот „Маракана“.

Ново видео кое кружи на социјалните мрежи прикажува како група навивачи ја опкружуваат полицијата од двете страни, по што следува брутален физички напад. Сцените се драматични и јасно укажуваат на сериозноста на ситуацијата која кулминирала со насилство непосредно пред почетокот на натпреварот.

Натпреварот заврши со убедлива победа од 5:1 за Црвена звезда, со што српскиот шампион обезбеди пласман во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, каде ќе се сретне со полскиот Лех од Познањ.

По инцидентот, српското Министерство за внатрешни работи издаде соопштение во кое потврди дека неколку полицајци се повредени. Министерството потсети дека организаторите на спортските настани имаат законска обврска да обезбедат физичко и техничко обезбедување, и најави зголемен ангажман за зачувување на јавниот ред и мир во наредниот период.

Настанот повторно ја отвори дебатата за безбедноста на спортските натпревари во Србија и насилството поврзано со навивачките групи.

ВИДЕО

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран