УТРО.мк

Бури со град и силен ветер ја погодија Словенија – издадено портокалово предупредување

Бури со град и силен ветер ја погодија Словенија – издадено портокалово предупредување
Vero

Словенија денеска беше зафатена од силни бури што се движеа од запад и југозапад кон внатрешноста на земјата, проследени со налети на силен ветер, обилен дожд, а на некои места – како регионот Штаерска – и град, јавува ТВ Словенија.

Нестабилното време го забави сообраќајот на повеќе патишта, а Агенцијата за заштита на животната средина на Словенија (ARSO) издаде портокалово метео предупредување за целата држава.

Од агенцијата информираат дека поради врнежите можно е задржување на дождовницата, а постои и опасност од нагло зголемување на нивото на поројните реки. Властите апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење во критичните подрачја.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран