УТРО.мк

ВЛЕН: Ревизорскиот извештај го разобличи Фатон Ахмети и моделот на владеење на ДУИ

ВЛЕН: Ревизорскиот извештај го разобличи Фатон Ахмети и моделот на владеење на ДУИ
Vero

Ревизорскиот извештај за работењето на Фондот за здравствено осигурување претставува морален и политички обвинителен акт против начинот на кој, според ВЛЕН, Демократската унија за интеграција (ДУИ) со години ги водела јавните институции. Во партиското соопштение се наведува дека токму Фатон Ахмети, поранешен директор на Фондот и актуелен генерален секретар на ДУИ, е симбол на тој „неказнив и штетен менаџмент“.

Според ВЛЕН, преку 5 милиони евра биле потрошени без соодветна контрола за лекувања во странство, Фондот се соочува со десетици судски тужби во земјава и надвор од неа, нема интегриран систем за рецепти и здравствени услуги, а ИТ-системот, кој требало да биде основа на модерно функционирање, потклекнал под сајбер-напади.

„Ова е вистинското лице на владеењето на ДУИ – клиентелистичко, арогантно и неодговорно“, порачуваат од ВЛЕН, додавајќи дека извештајот потврдува нешто што граѓаните одамна го чувствуваат: јавните пари се злоупотребени, виталните системи се уништени, а институциите претворени во лична сопственост на политички поврзани лица.

„Граѓаните имаат право да знаат: Кој ќе понесе одговорност за овој крах? Како е можно лице кое оставило зад себе институционална катастрофа, денес да биде клучна фигура во партијата?“, прашуваат од ВЛЕН.

Од таму најавуваат дека ќе бараат целосна одговорност за секој денар, за секој оштетен систем и за секој функционер кој бил унапреден на штета на јавниот интерес.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран