Во вечерните часови на 1 август, околу 20:20 часот, на улицата „1“ во скопското село Ржаничино се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден мотоциклист.
Во несреќата учествувале товарно моторно возило „Там“, со скопски регистарски таблички, управувано од 48-годишниот М.А. од село Долно Коњари, и мотоцикл марка „Сузуки“, управуван од 32-годишниот Н.М. од село Петровец.
Мотоциклистот Н.М. се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.