УТРО.мк

Рекорден проток на патници на ГП „Ќафасан“ – 30.000 лица за три дена

Рекорден проток на патници на ГП „Ќафасан“ – 30.000 лица за три дена
Vero

Струга, 2 август 2025 – Граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга и понатаму е еден од најфреквентните премини кон Албанија, особено во летниот период. Според последните податоци, во изминатите три дена низ овој премин поминале околу 30.000 патници и повеќе од 11.000 возила.

Најголемиот дел од патниците се странски државјани кои транзитираат низ Македонија на пат кон албанскиот брег, каде што го минуваат летниот одмор, објавуваат албанските медиуми.

Граничните власти реагирале на зголемената фреквенција со отворање на четири шалтери за патници и еден посебен шалтер за тешки товарни возила, со цел побрзо и поефикасно преминување на границата.

Слична ситуација се бележи и на граничниот премин „Блато“ кај Дебар, кој станува сè попопуларна рута поради новоизградениот автопат „Патот на Арбр“ (Rruga e Arbrit), кој ја намалува оддалеченоста до Тирана на само 70 километри. Според податоците на македонското МВР, во првите шест месеци од 2025 година преку „Блато“ поминале 574.737 патници – рекордно висока бројка, што претставува зголемување од 55 отсто во споредба со истиот период лани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран