УТРО.мк

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден
Vero

Слика: Излет на Македонците во Тирана во 1937 година

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво “Илинден” најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 121 години од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна нашата татковина, Македонија, стои во честитката.

Се додава дека Илинден е ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број револуционери и борци, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

Да го почитуваме и славиме Денот на двата Илиндена, со почит, гордост и достоинство, како што му прилега на овој голем ден, се наведува во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Извор: vesnik-ilinden.com

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран