УТРО.мк

Путин ја пушти „Орешник“ во погон: Ракета што може да избрише град за 17 минути!

Путин ја пушти „Орешник“ во погон: Ракета што може да избрише град за 17 минути!
Vero

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека новиот хиперсоничен ракетен систем „Орешник“ влегува во масовно производство и веќе е во активна употреба во руската армија. Оваа објава доаѓа само неколку месеци по тестирањето на „Орешник“ во напад врз украинска воена фабрика.

Станува збор за нуклеарно способна ракета која, дури и во конвенционална верзија, може да предизвика разурнување споредливо со мала нуклеарна експлозија. Во своето обраќање, Путин истакна дека производството ќе продолжи забрзано, а веќе се разговара за испорака и во Белорусија, каде се подготвуваат позиции за нејзино распоредување.

Според руските медиуми, „Орешник“ има дострел од 5.500 километри, развива брзина до 10 маха (околу 12.400 км/ч) и може да понесе боева глава тешка дури 1,5 тони. Од полигонот „Капустин Јар“ до седиштето на НАТО во Брисел ѝ се потребни само 17 минути. До американската база „Рамштајн“ во Германија – 15, а до противракетната база во Реџиков, Полска – само 11 минути.

Во исто време, Путин тврди дека Русија напредува на сите фронтови во Украина – од граничните зони, преку Донецк и Луганск, до Запорожје и Херсон. Освојувањето на Часов Јар го нарече „враќање на руско“, а не „освојување на туѓо“.

И покрај агресивната реторика, рускиот претседател изјави дека Москва останува отворена за преговори и најави продолжување на директните разговори со Киев. Последната средба се одржа во Истанбул и заврши со договор за размена на заробеници и загинати.

Хиперсоничната „Орешник“ веќе се наметнува како клучен елемент на новата руска стратегија – а западниот свет будно следи што ќе биде следно.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран