УТРО.мк

УТРЕ НЕБОТО ЌЕ СЕ ПОДЕЛИ: Сонце наутро, грмежи попладне!

УТРЕ НЕБОТО ЌЕ СЕ ПОДЕЛИ: Сонце наутро, грмежи попладне!
Vero

Неделата ќе започне со сонце, но ќе заврши со дожд и грмежи – типично македонско лето! Според прогнозите, времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но попладне се очекува изолиран развој на нестабилна облачност со локални поројни дождови и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец.

Во Скопје, жителите ќе уживаат во сончево утро, но попладнето може да ги изненади. Температурите ќе се искачат и до 36 степени, а ветерот ќе биде слаб од југоисток.

Но, вистинската промена доаѓа од понеделник – метеоролозите предупредуваат на поширока нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град! И вторник носи ризик од локални непогоди, додека стабилизација и повторен пораст на температурите се очекуваат од среда.

Ако планирате излет или прошетка – носете чадор, ама не го заборавајте и шеширот!

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран