Скопје, 2 август 2025 – Во раните утрински часови, затвореник од КПД Идризово со иницијали С.Д. починал на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Според пријавата, тој бил донесен за итна медицинска помош околу 01:20 часот, но поради тешката здравствена состојба починал во 03:07 часот.
За настанот е известен надлежен јавен обвинител, кој издал наредба телото на починатиот да биде предадено на обдукција со цел утврдување на причината за смртта.