УТРО.мк

Бајден со драматично предупредување: Пријатели, мора да се соочиме со суровата вистина

Бајден со драматично предупредување: Пријатели, мора да се соочиме со суровата вистина
Vero

Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден упати остро предупредување за, како што рече, мрачната насока во која се движат САД под администрацијата на Доналд Трамп. Во обраќање пред Националната адвокатска комора во Чикаго, Бајден зборуваше за сериозни закани по владеењето на правото и граѓанските права, притоа алудирајќи на својот наследник без да го именува директно.

„Не можете да го засладите. Ова се мрачни денови“, рече Бајден пред речиси 1.100 членови на претежно афроамериканската правна организација, јави американскиот портал Политико. Тој порача дека актуелната администрација се обидува да поништи сè што било постигнато во неговиот мандат и ја обвини за обиди да ја „избрише вистината“, заедно со основните принципи на правдата, еднаквоста и демократските вредности.

Бајден изјави дека САД се наоѓаат во историски критичен момент, посочувајќи на одлуки што, според него, ги укинуваат слободите и ги рушат долгорочните правни преседани. Тој ја обвини и администрацијата за непочитување на имигрантите, напади врз адвокатски канцеларии и медиуми, како и за злоупотреба на моќта на извршната власт.

„Пријатели мои, мора да се соочиме со суровата вистина за оваа администрација – нејзината цел е да уништи сè што изградивме“, порача Бајден.

Одговорот од Белата куќа не доцнеше. Портпаролот Харисон Филдс го обвини Бајден за лицемерие, велејќи дека тој „ја уништил земјата“ и ја водел од плажа и преку автоматизиран потпис – автопен.

„Тој е последната личност што треба да зборува за водење држава“, рече Филдс, наведувајќи дека токму Бајден дозволил правниот хаос и загрозување на Уставот.

Настапот на Бајден доаѓа во клучен момент за Демократската партија, која сè уште не соопшти дали ќе го кандидира повторно на изборите или ќе бара ново лидерство.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран