УТРО.мк

Димовски: Денес само одбележуваме – слободата на Македонија сè уште не е завршена работа

Димовски: Денес само одбележуваме – слободата на Македонија сè уште не е завршена работа
Vero

По повод 2 август – Илинден, поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, упати емотивна и силно патриотска порака во која ја нагласува недовршеноста на македонската слобода и ја изразува својата загриженост за идентитетските и државните прашања на Македонија.

Неговото обраќање го пренесуваме во целост:

„Тогаш кога Македонците ќе имаат право да кажат дека се Македонци;

Тогаш кога Македонците ќе можат да учат на македонски;

Тогаш кога Македонците ќе можат да живеат слободно, без граници помеѓу себе;

Тогаш кога Македонија ќе може да се вика Македонија;

Тогаш кога Македонија ќе може да го вее знамето кое прво го развеа;

Тогаш кога Македонија ќе може да ги учи своите деца на историјата која сама ја помни за себе;

Тогаш кога Македонија ќе може да ги именува своите државни институции за македонски;

Тогаш кога Македонија ќе биде Македонија, тогаш ќе имаме право да славиме.

Денес само смееме да одбележуваме.

Денес само одбележуваме за да не заборавиме и ние, и другите, за слободата на Македонија.

Одбележуваме затоа што слободата уште не е завршена работа.

Да живее обединета Македонија во обединета Европа!

Да е вечна идејата за слобода на Македонија!

Вечен да е Илинден!“

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран