УТРО.мк

Уапсен поранешниот министер Момировиќ – се товари за уривањето на настрешница во Нови Сад

Уапсен поранешниот министер Момировиќ – се товари за уривањето на настрешница во Нови Сад
Vero

Поранешниот министер за инфраструктура на Србија, Томислав Момировиќ, е уапсен по наредба на Обвинителството за организиран криминал, во рамки на истрага поврзана со уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2023 година.

Настанот се случи во текот на реконструкцијата на станицата, која се реализираше токму во времето на неговиот мандат. Истражните органи се сомневаат дека постоеле сериозни пропусти во изведбата и надзорот на проектот, што довеле до несреќата.

Момировиќ, кој јавноста го памети и по неколку контроверзни изјави – меѓу нив и онаа дека „две јајца за 22 динари (19 центи) се доволни за човек да биде сит цел ден“ – е и наследник на моќната бизнис-империја „Мона“. Според податоци од неговата имотна листа, неговото семејство располага со имот вреден над 87 милиони евра и површина од речиси 99 илјади квадратни метри.

Истрагата за случајот продолжува, а од обвинителството најавија дека ќе бидат испитани и други официјални лица и изведувачи поврзани со проектот.

Фото: Б92

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран