УТРО.мк

Трамп доби нова номинација за Нобелова награда за мир: „Го заврши војниот конфликт меѓу Камбоџа и Тајланд“

Трамп доби нова номинација за Нобелова награда за мир: „Го заврши војниот конфликт меѓу Камбоџа и Тајланд“
Vero

Камбоџа планира да го номинира американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, како признание за неговата помош во постигнувањето договор за прекин на огнот што го заврши неодамнешниот конфликт на границата со Тајланд, изјави заменик-претседателот на Камбоџа, Сан Чантол, пренесува Wall Street Journal.

Чантол изјави дека без интервенцијата на Трамп, Камбоџа и Тајланд веројатно не би постигнале договор за прекин на борбите во кои загинаа најмалку 45 луѓе од двете страни на спорната граница.

Минатиот викенд Трамп постави услов за укинување на високите „реципроцни царини“ кои закани да им ги наметне на двете земји – барајќи прекин на конфликтот. На средбата во Малезија во понеделникот, лидерите на Камбоџа и Тајланд се согласија на примирје кое главно се почитува, иако имаше извештаи за помали пресметки.

„Тој заслужува Нобелова награда, не само за работата во Камбоџа, туку и на други места“, рече Сан Чантол. Камбоџанската влада планира да го предложи Трамп пред Норвешкиот Нобелов комитет кој ја доделува наградата.

Вчера, администрацијата на Трамп објави дека Камбоџа и Тајланд ќе се соочат со царина од 19% на извозот во САД, што е значително намалување во споредба со претходната стапка од 36% и уште претходно најавените 49% за Камбоџа.

Поддршката за амбициите на Трамп да ја добие Нобеловата награда станува начин државите да добијат негова наклонетост, иако досега не успеал да реши поголеми конфликти во Газа и Украина. Израел и Пакистан веќе го пријавиле Трамп пред норвешкиот комитет, а неколку африкански земји исто така изразиле поддршка.

Сан Чантол додаде дека Камбоџа работи на целосен трговски договор со САД, а царината од 19% е дел од поширок договор што сè уште се преговара. Камбоџа веќе се согласила да ги укине сите претходни царини за увоз од САД, вклучувајќи автомобили, на што ќе изгуби околу 60 милиони долари приходи.

Покрај тоа, ќе купи 10 авиони Boeing 737 MAX 8 за националната авиокомпанија Air Cambodia, со можност за купување уште 10, рече Чантол.

Камбоџа се надева дека ќе добие посебни исклучоци од царината од 19%, особено за важната текстилна индустрија каде што поголем дел од вработените се жени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран