УТРО.мк

Сите пожари се под контрола: ЦУК со охрабрувачки биланс пред Илинден

Сите пожари се под контрола: ЦУК со охрабрувачки биланс пред Илинден
Vero

Од вкупно 13 пожари што биле активни во изминатото деноноќие, 12 се целосно изгаснати, а едниот преостанат е ставен под контрола – информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот кој е ставен под контрола се наоѓа во општина Берово, на планината Готен кон Малешевските Планини, каде што гореле борова и букова шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Пожарите што се целосно изгаснати биле на територија на општините Арачиново, Гази Баба, Гевгелија, Кавадарци, Карбинци, Македонска Каменица, Радовиш, Желино, како и четири пожари во Прилепскиот регион.

На вчерашната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов упати апел до граѓаните за зголемена внимателност во пресрет на Илинденските празници.

„Апелирам до сите, за време на Илинденските празници, да бидат исклучително внимателни, бидејќи за миг може да настане пожар со катастрофални последици“, нагласи Ангелов.

Надлежните служби остануваат на терен и будно ја следат состојбата со цел брза реакција доколку се појават нови жаришта.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран